Италијанскиот тим Интер постигнал договор со дефанзивецот на Атлетико (Мадрид) Диего Годин да се пресели во нивниот клуб во текот на летото како слободен играч , објави „Скај Италија”.
Уругвајскиот дефанзивец е пред завршување на договорот со сегашниот клуб и нема намера да го обнови, а најверојатно во наредните денови ќе го стави потписот на прелиминарниот договор со „нероазурите” и од следната сезона ќе настапува на „Џузепе Меаца”.
Според последните информации тој ќе потпише двегодишен договор со гигантот од Милано. Во преговорите меѓу неговите претставници и раководството на Интер останува да бидат одредите некои ситни детали пред договорот да стане факт. Годин дојде во мадридскиот тим во текот на летото на 2010 година и стана еден од најважните играчи на тимот во текот на овие
