Централниот дефанзивец на Атлетико Диего Годин е многу близу до трансфер во Интер.
Според „Скај Италија“, уругвајскиот одбрандбен фудбалер успешно ги помина медицинските прегледи и е во фаза на потпишување на преддоговор со Интер.
Годин кој ќе наполни 33 години за по помалку од еден месец, ќе го напушти „Ванда Метрополитано“ следно лето како слободен агент.
Јужноамериканецот се очекува да го започне договорот со клубот од Милано од јули и за период од две плус една година. „Неговата плата ќе се зголеми на 4,5 милиони евра, со бонуси до 6 милиони евра”, објавиле медиумите во Италија. Диего Годин сега може да потпише пред-договор со Интер кој ќе стапи во сила на 1-ви јули.