Шпанското обвинителството поднесе официјално обвинение против Диего Коста за даночна измама за повеќе од 1 милион евра.
Напаѓачот на Атлетико Мадрид е под истрага затоа што во 2014-та година не пријавил 1,4 милиони евра приходи од имиџ права. Во годината кога Бразилецот од Шпанија премина во Челзи.
Неодамна „Ел Мундо“ информираше дека првичните обвиненија беа дури за поголема сума – 2,3 милиони евра поради сомневање и за претходната 2013 година.
Тие сепак не биле потврдени и затоа сумата опфатена во обвинението е помала. Се смета дека овој износ од 1,4 милиони евра е скриен приход од спонзорски договор со Адидас.