Бразилски Атлетико Минеиро најави заминување на напаѓачот Диего Коста. Бразилецот со шпански пасош имаше договор со бразилскиот клуб до 31 декември 2022 година, но истиот синоќа беше раскинат на иницијатива на 33-годишниот фудбалер.
Дел од медиумите во Бразил тоа го протолкуваа како веќе договорен трансфер на Коста во Англија. Имено, се зборува дека Коста кој му се приклучи на бразилскиот клуб во август 2021 година веќе си договорил трансфер во Премиер лигата и тоа во екипата на Арсенал.
На 19 натпревари за Атлетико Минеиро во сите натпреварувања, тој постигна 5 гола, со што стана шампион на Бразил и освојувач на Купот.

