Диего Коста работи под посебен третман со физиотерапевтот на Атлетико Мадрид, објавија шпанските медиуми.
Напаѓачот на Атлетико се опоравува по успешната операција на ногата во Бразил во декември. Целта на искусниот играч е да се врати на теренот за полуфиналето од Лигата на шампионите против италијанскиот Јувентус кое се игра во февруари.
Лука Ернандез и Фелипе Луис исто така не учествуваа на првиот тренинг на Атлетико Мадрид во 2019 година. Тренингот на екипата го следеле повеќе од десет илјади навивачи во Атлетико Мадрид.