Крилниот фудбалер на Порто и на репрезентацијата на Колумбија, Луис Дијаз, ги прифатил понудите од Ливерпул и се согласил на 5-годишен договор.
Тој синоќа играше против Перу во квалификациски натпревар за Мундијалот а неговата репрезентација загуби со 1:0 и ги намали шансите за пласман на Светското првенство во Катар.
„Црвените“ ќе треба да платат околу 45 милиони евра плус 15 милиони како бонуси за 25-годишниот фудбалер. Дијаз има 16 гола на 28 натпревари од почетокот на сезоната.