Крилниот фудбалер на Ливерпул, Луис Дијаз, конечно дочека да го добие дресот со број 7 откако Џејмс Милнер ги напушти „црвените“ со слободен трансфер и се пресели во екипата на Брајтон.
Колумбиецот претходно во екипата на Порто ја носеше „седумката“ а исто така ја има и на неговиот грб кога настапува за репрезентацијата.
Бројот 7 дефинитивно има посебна симболика на стадионот – „Енфилд“ бидејќи го носеа дел од ѕвездите како што се Кени Далглиш и Луис Суарез.