Фудбалерот на Ливерпул Луиз Дијаз, имал голема желба да настапува во Примера Дивизион, изјави неговиот татко.
„ Мислевме дека Луиз, по заминувањето од Порто, ќе оди во Реал Мадрид или на „Метрополитано“ во Атлeтико. Сепак од таму немаше ништо конкретно за разлика од Ливерпул“ – потенцира таткото на Колумбиецот.
„Тој копнееше да живее во Мадрид. Фалкао, Џејмс беа тука. Надежта уште не е изгубена“ – изјави Луис Мануел Дијаз.

