Челниците на Арсенал планираат да испратат понуда од 30 милиони евра за да го купат фудбалерот на Реал Мадрид, Брахим Дијаз, кој настапува како позајмен во италијанскиот Милан.
Шпанскиот интернациналец пристигна на „Сантијаго Бернабе“ пред 4 години од Манчестер Сити но, не успеа да се наметне за првата постава.
Затоа беше испратен на позајмица во Милан. Договорот со „Росонерите“ му истекува на крајот од сезонава.