Фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз, не може да се врати во родната Колумбија гледано од безбедносни причини.
Тој сакаше да отпатува во Јужна Америка за да биде со семејството но, роднините го убедија да не го прави тоа бидејќи има загриженост дека нема да биде безбеден.
Ќе потсетиме дека во неделата неговите родители беа киднапирани. Мајката на играчот била пронајдена од полицијата но, потрагата по таткото е во тек.