Бојан Диков, фитнес тренер во „ATG Macedonia“, во гостувањето на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ, посочи колку е значајно да одвоиме време за нега на нашето тело.
„ Фитнес центарот АТГ Македонија располага со најсовремена опрема која им помага на сите заинтересирани да го одржуваат нивното тело без разлика на возраста. За тоа треба да имаме и редовно вежбање, исхрана и добар сон“ – вели Диков.
„Нашата програма е специјализирана за спортисти, млади, деца и за повозрасни луѓе. Работиме индивидуално и групно а имаме и опција за комуникација преку социјалните мрежи“ – потенцираше Диков во разговорот што може да го следите на следниов ЛИНК.

