Теодора Димеска од џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп во изминатиот викенд беше дел од Европскиот Куп за Кадети.
Таа настапи во категоријата до 48 кг а на стартот имаше прилично неповолен ждреб бидејќи за противник ја доби репрезентативката од Романија, Ковациу Ласмина, која беше минатогодишен Првак на Европскиот Куп во Унгарија а го држи и 7 место на светската ранг листа. Димеска откако беше совладана од Ласмина доби репесажна борба, во која повторно загуби сега од Зукар Чиара од Италија.
Џудо Клубот „Сеишин“ од Прилеп на 16 Март ќе земе учество на Меѓународен Турнир за пионери-ки во Ниш, Србија а на 17 Март и на Државно Првенство за Помлади Пионери-ки и Јуниори-ки во Кавадарци.