Голема посетеност и силна поддршка за фер игра, еднаквост и безбеден спорт на вчерашната конференција посветена на нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот.
На едно место се собраа национални спортски федерации, претставници на општини, институции, спортски организации и спортисти, испраќајќи јасна порака дека спортот мора да биде простор на почит, еднакви можности и безбедност за сите.

Пред почетокот на програмата, настанот беше медиумски проследен со изјави, меѓу кои и обраќањето на претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, кој ја истакна важноста од заедничка акција во градење спортска средина без дискриминација и насилство.

Преку дискусии со експерти, институции и професионални спортисти, беа отворени важни теми за родова еднаквост, инклузивност и заштита во спортот.

