Македонскиот Олимписки Комитет денеска организираше средба со новинарите по повод големиот успех на Дејан Георгиевски кој успеа да обезбеди норма за летните олимписки игри во Токио и ќе ја претставува нашава земја во Таеквондо. Задоволството од постигнатиот успех го нагласи првиот човек на МОК, Даниел Димевски.
„Ние како олимписки комитет препознавме квалитет и затоа се погриживме да ги обезбедиме сите услови за ваков врвен резултат. Морам да кажам дека тоа ќе продолжи и во иднина и дека експедиција ќе биде максимално поткрепена логистички“ – потенцираше Димевски.
„Јас живеев за најголемото спортско натпреварување и сонот ми се оствари. Не сакам само да учествувам туку да донесам и златен медал. Сакам да им се заблагодарам и на моите тренери Борче и Дарко Костовски. Да не беа тие, верувам дека ова немаше да се случи“ – нагласи Дејан Георгиевски.

