Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Димитриевски: „Да ја покажеме вистинската слика и докажеме дека резултатот во Англија е нереален“
    Фудбал

    Димитриевски: „Да ја покажеме вистинската слика и докажеме дека резултатот во Англија е нереален“

    risteBy riste19/11/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонија ја очекува последниот натпревар во квалификациската група за Европското првенство. На „Тодор Проески“ гостува селекцијата на Англија, која е меѓу најдобрите на светот. 

    На средбата со новинарите во пресрет на натпреварот, освен селекторот Милевски зборуваше и Столе Димитриевски.

    „Натпреварот на „Олд Трафорд“ беше доста тежок. Резултатот според нашите квалитети не е реален, ама тоа може да му се случи секому. Имаме нов натпревар за докажување, да покажеме дека тоа не беше вистинската слика за нас. Мора да покажеме подобра игра, во најдобро светло. Се надевам на тензичен натпревар за двете селекции, со вистинско темпо. Треба да дадеме максимум, да одиграме одличен натпревар пред нашата публика. Се надевам дека самиот меч ќе биде спектакл, иако пред три дена игравме тежок дуел во Рим. Да бидам искрен, се чувствувам лошо за многуте примени голови. Сепак, ние сме една репрезентација која има доста нови играчи, во дефанзивата и сите редови. Потребно е време за да се запознаеме и ускладиме, да одиграме заедно натпревари, тоа е факт. Мора многу подобро да работиме, цел тим во дефанзива, не само јас или одбраната. Треба да сме пофокусирани бидејќи примаме доста голови поради ситни детали кои се пресудни. По овој натпревар ни следат четири пријателски, за да се подготвиме за Лигата на нациите“ рече Димитриевски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.