Фудбалскиот состав на Рајо Валјекано потврди дека македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, имал позитивен тест на КОВИД-19.
Играчите биле тестирани во вторникот а Димитриевски е единствениот кој покажал позитивен резултат и затоа се наоѓа во самоизолација.
-Заразената личност е под надзор на медицинските лица и нема остварено контакт со другите играчи пред тестирањето“ – стои во соопштението на шпанскиот второлигаш.