Нашиот фудбалски голман, Столе Димитриевски, пред утрешниот меч со Ерменија во Лигата на Нации, не сака да ги коментира критиките за ремито со Фарски острови. Тој вели дека сите репрезентативцимора да се насочат кон утрешниот меч.
„Нормално е дека поранешните колеги и репрезентативци ќе имаат свое мислење и барања. Јас како заменик капитен на Македонија сум фокусиран да го одработам мечот против Ерменија. За нас најважно е да се победи утре за да може да имаме големи шанси за првото место. Потоа може да се коментира и зборува за се друго. Во овој момент најважен е утрешниот наш натпревар“ – вели Димитриевски.
Средбата меѓу Македонија и Ерменија во второто коло во Лигата на Нации ќе биде одиграна утре (вторник) на Арената во Скопје со почеток во 20.45 часот.

