Столе Димитриевски ќе биде повторно на голот на Македонија на натпреварот против Грузија. Додека селекторот размислува кој ќе добие шанса за место во стартниот тим, голманската позиција е сигурна за Столе Димитриевски кој по пауза од еден меч (со Гибралтар) се враќа на голот на нашата селекција, а посакува „чиста мрежа“,на мечот со Грузија..
„Јас сум пресреќен кога играм на домашен терен, чувството е различно кога играш пред својата публика. Би сакал стадионот да биде полн и да добиеме најголема поддршка досега, затоа што со поддршката од публиката и со нашиот квалитет ќе славиме со Грузија. Се подготвувам за секој натпревар да го дадам максимумот и да имам „чиста мрежа“. Тој е мојот принцип кога ќе влезам во еден натпревар. Грузија е одлична репрезентација, од тој натпревар кој го игравме таму, доста напредуваше. Последните натпревари дава доста голови, но ние исто може да дадеме доста голови затоа што креираме многу шанси. Не ме плаши што Грузија доаѓа во Скопје со пет гола, затоа што знам какви квалитети имаме во дефанзивата. Мислам дека ако не примиме гол, ние ќе бидеме победници“, изјави Димитриевски.
Македонија и Грузија својот натпревар го играат утре (четврток) од 20:45 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

