Нашата најдобра фудбалска репрезентација денеска ги стартува подготовките за последните квалификациски мечеви за пласман на Европското првенство.
На 17 ноември ќе гостуваме кај Италија во Рим додека на 20-ти ќе и бидеме домаќини на Англија. Нашиот голман Столе Димитриевски кој меѓу првите пристигна на собирот во Скопје, вели дека очекува позитивни резултати.

„Имаме два тешки меча. Ние ќе го дадеме максимумот како и секогаш. Мислам дека во тие два меча можеме само да уживаме и да измериме до каде се нашите сили. Италија е одличен противник. Знаеме дека во последно време со неа имаме добри резултати, се надевам дека така ќе продолжиме“ – изјави нашиот голман Димитриевски за Спортско радио 90,3 фм.