Нашиот фудбалски репрезентативен голман Столе Димитриевски, в пресрет на утрешниот меч со Велс во 2 коло во квалификациите за Светското првенство, објасни како се чувствувал пред воведниот дуел во Вадуц.
„Пред натпреварот со Лихтенштајн беше тешко поради трагедијата. По случувањата во претходните денови ми беше тешко да заспијам, бидејќи бев емотивен по тоа што го видов. Сега на Македонија и на народот му треба љубов. Треба да бидеме сплотени сите заедно, целиот народ. Во овој момент не помага ништо, па можеме да дадеме само љубов“ – рече Димитриевски.
Мечот меѓу Македонија и Велс ќе биде одигран утре од 20.45 часот на Арената во Скопје.

