Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Димитриевски во Рајо Ваљекано до 2022 година
    Фудбал

    Димитриевски во Рајо Ваљекано до 2022 година

    risteBy riste01/02/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Добрите настапи во текот на првиот дел од сезоната во „Ла Лига“ му донесоа перманентен договор на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски со Рајо Ваљекано.

    Неговиот сегашен клуб и официјално синоќа потврди дека на крајот на овој траснфер период ја искористил опцијата во договорот и го откупија нашиот интернационалец, потпишувајќи договор до 2022 година.

    Димитриевски сезоната ја почна како резерва, но ја искористи понудената шанса на крајот од минатата година и стана незаменлив на голот на Рајо Ваљекано. Неговата екипа од почетокот на оваа календарска година игра одлично и забележа четири победи на последните пет натпревари.

    Димитриевски беше еден од најзаслужните за овие победи и со тоа стана миленик на навивачите на оваа екипа кои се одлучија да потпишуваат петиција за негов откуп. Сумата за откупувањето на Димитриевски не е објавена од страна на двата клуба.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ривера и Али Мухамед заработија суспензии поради допинг

    15/08/2022

    Тухел: Хадсон-Одои е на продажба

    15/08/2022

    Ачерби си оди од Лацио и сака трансфер во Интер

    15/08/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Хорнер се спореди со Фергусон
    • Ривера и Али Мухамед заработија суспензии поради допинг
    • Вардар очекува голема поддршка од трибините, цените се симболични
    • Ивановски не го заврши маратонот на ЕП во Минхен
    • Тухел: Хадсон-Одои е на продажба
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.