Најдобриот тенисер на Бугарија, Григор Димитров, потврди на официјалната веб-страница на АТП дека донирал респиратори во болницата во неговиот роден град Хасково за поддршка на борбата против корона-вирусот.
„Јас потекнувам од мал град и никогаш не сум заборавил од каде заминав. Само сакам да помогнам. Играв за Бугарија цел живот. Сè уште имам бугарски пасош. Јас навистина ги ценам луѓето и нивната поддршка низ годините“ – рече 28-годишниот тенисер кој живее во Калифорнија.
„Честопати забораваме кои се вистинските ликови во сегашнава ситуација: лекарите, луѓето кои работат на бензински пумпи и носат намирници, персоналот за чистење во болниците. Мораме да го цениме тоа“ – потенцираше Димитров.
