Бугарскиот тенисер, Григор Димитров, изрази задоволство од денешниот настап и победата против Белгиецот Давид Гофин со 2-0 по сетови 6:4, 7:6 на престижниот „Мастерс” во Монте Карло.
Димитров утре во полу-финалето ќе се соочи со 10. кратниот шампион и воедно лидер на АТП листата, Рафаел Надал од Шпанија.
„Мислам дека денеска одиграв многу подобро за разлика од претходните мечеви. Започнав добро со сервисот иако е тешко да бидеш прецизен на земјените терени. Заостанував во вториот сет но, стигнав до пресврт. Иако заморот е евидентен, од денешниов меч можам да извлечам многу позитивни нешта” – потенцирал Димитров.