Фудбалската асоцијација на Англија откри какви зборови си размениле судијата Мајк Дин и менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, на крајот на средбата со Барнли одиграна во февруари.
Тогаш двајцата влегоа во вербален конфликт а подоцна тренерот беше казнет со 2 натпревара и парично со 10 000 фунти.
ФА го цитираше извештајот на судијата во кој меѓу другото е наведено: На крајот од натпреварот Почетино и луѓе од неговиот штаб се доближија до мене. Тој се однесуваше агресивно и неодговорно. Во неколку наврати, можеби и 10-ет пати му реков да се одалечи, но, тој не сакаше да ми обезбеди простор и ми се внесе во лице со зборовите –„ ти знаеш каков си“.