Во последниот натпревар од Купот на Украина Динамо Киев ја совлада екипата на Ворскла. Средбата се одигра на стадионот „Металист“ во Харков и заврши со победа на екипата од Киев (1:1, 8:7 на пенал).
Динамо Киев поведе со 1:0 во 11 минута од натпреварот, а Ворскла израмни во 28-та минута, за до крајот на регуларниот дел нема голови и победникот се одлучуваше на пенали, каде поуспешни со 8:7 беа играчите на Динамо Киев. Динамо го освои Купот на Украина по 12-ти пат во својата историја (1993, 1996, 1998, 1999, 2000, 2003, 2005, 2006, 2006, 2007, 2014, 2015, 2020 година).
Во целата историја на ова натпеварување, пет клуба се освојувачи на Купот на Украина: Черноморец (Одеса), Динамо (Киев), Шахтјор (Донецк), Ворскла (Полтава) и Тавриа (Симферопол). Најтрофеен клуб е Шахтјор (Донецк), кој го освои трофејот 13 пати. Шахтјор го освојуваше изминатите четири сезони.