Откако грчкиот АЕК побара од УЕФА да го исфрли Динамо Загреб од квалификациите за Лигата на фудбалските шампиони поради инцидентите во Атина, денеска се огласи и хрватскиот состав.
– Жалиме што АЕК бега од одговорноста, ја подигнува тензијата и користи агресивен, хушкачки и непримерен речник за да прави притисок на УЕФА“ – стои во дел од објавата на „модрите“.
– Динамо направи се што е во негова моќ да се избегне таа ситуација а најголема одговорност за инцидентите сносат организаторите, односно клубот и грчката полиција“ – се наведува меѓу другото во соопштението на тимот од Загреб.