Утре македонскиот биатлонец Павле Коруновски ќе го има настапот на ИБУ Купот во Норвешка. Во пресрет на настапот, денеска во живо разговаравме со селекторот на нашата репрезентација Ѓоко Динески, кој ги откри своите очекувања од настапот на нашиот натпреварувач.
„Станува збор за исклучително силно натпреварување, второ по ранг по Светскиот куп во биатлон. Ќе има силна конкренција од над 130 натпреварувачи, меѓу кои Коруновски е единствениот македонски преставник. Овие натпревари изобилуваат со натпреварувачи од најголемите нации во овој спорт. Борбата за влез во Светскиот куп е немилосрдна. Павле е искусен натпреварувач, но во оваа конкуренција не можеме да очекуваме премногу. За нас е најбитно собирање на бодови и секако пласман до 35 место“, вели Динески.
За организацијата на ИБУ Купот, Динески додаде:
“Во рамките на една сезона има 9 купа и едно светско пренство, или 10 натпревари. Станува збор за многусилно натпреварување и преставување на многу силен потенцијал на натпреварувачи. ИБУ Купот со секој пласман носи бодови кои можат да овозможат и олимписка виза“.

