Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Диого Жота официјално дел од Ливерпул
    Фудбал

    Диого Жота официјално дел од Ливерпул

    risteBy riste19/09/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Англискиот шампион Ливерпул за само два дена промовираше и второ ново име во своите редови, станува збор за португалскиот фудбалер Диого Жота.

    23-годишното крило доаѓа од редовите на Вулверхемптон. Детали на зделката не се објавени, но медиумите во Англија велат дека „црвените“ овој трансфер ќе ги чини 50 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите.

    Жота беше во Вулверхемптон од 2017 година и на 111 натпревари постигна 33 гола. Претходно, во кариерата го носеше дресот на Порто, Атлетико Мадрид и Пакош Фереира. Португалецот треба да ја зголеми конкуренцијата во нападот, каде веќе англискиот шампион ги има Салах, Мане, Фирмино и Минамино.

    Вчера, Јирген Клоп во својот тим го доби како засилување Тиаго Алкантара од редовите на Баерн Минхен како и претходно Костас Цимикас од Олимпијакос.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.