23-годишниот португалски напаѓач, Диого Жота, го запиша своето име во клупската историја на Ливерпул, постигнувајќи гол на мечот од 2-то коло на групната фаза во Лигата на шампионите против данскиот Митјиланд (2-0).
Според информациите објавени денес , Диого Жота, кој го отвори резултатот против Митјиланд, е автор на 10.000-от гол во историјата на Ливерпул во сите натпреварувања. Ова се случи по 128 години откако Џок Смит го постигнал првиот во септември 1892 година во Лигата на Ленкшаир.
Диого Жота стана играч на Ливерпул во последниот преоден рок, откако се пресели од Вулверхемптон за 44,7 милиони евра.Тој веќе одигра 8 средби со „црвените“ и постигна 3 гола. Неговиот договор со Ливерпул е до летото 2025 година.

