Англискиот фудбалски состав, Фулам, ќе го купи стоперот на Вест Хем, Иса Диоп, за околу 15 милиони фунти.
25-годишниот Французин откако ќе ги помине задолжителните медицински тестови ќе потпише договор за пет сезони. „Чеканите“ го купија Диоп во 2018 година за сума од 22 милиони фунти од француски Тулуз.
За четири сезони во лондонскиот клуб, дефанзивецот одигра 121 натпревар и постигна осум голови.