Поранешниот фудбалер на Холандија, Ливерпул, Фенербахче и Феенорд, Дирк Кајт ја започна својата тренерска кариера.
37-годишниот Холанѓанец го предводеше младинскиот тим на Феенорд и наскоро ќе ја добие потребната лиценца за тренерска работа од УЕФА. Официјално, кајт ќе стане прв тренер на младинскиот тим на тимот од Ротердам на почетокот на следната сезона.