Тренерот на Фиорентина и дел од челниците на клубот кои имаа жестоки реакции кон судиите по мечот со Јувентус одигран во Торино, добија големи казни од страна на Дисциплинската комисија на Серија А.
„Старата дама“ на споменатиот дуел успеа да победи со 3 спрема 0 откако доби два пенала што успешно ги реализираше Кристијано Роналдо. Гостите бидејќи останаа со празни раце, имаа жестоки реакции кон официјалните лица. Затоа сега се казнети парично.
Тренерот, Џанкарло Антоњони, кој вербално ги навредувал судиите и ја оштетил соблекувалната ќе мора да плати 25.000 евра, спортскиот директор Даниеле Праде е казнет со 20.000 евра а Џо Бароне со 10.000 евра.