Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги ќе му се приклучи на италијанскиот тим Милан следното лето, објави „Sport Mediaset“.
Фудбалерот ќе се пресели во италијанскиот клуб како слободен играч. Двете страни веќе ги договориле сите услови од договорот. Милан му понуди на Ориги тригодишен договор со опција за уште една сезона. 26-годишниот Белгиец ќе добива околу 3,5 милиони евра годишно.
Оваа сезона Дивок Ориги има 5 гола и 3 асистенции на 14 натпревари во сите натпреварувања за Ливерпул.