Манчестер Јунајтед сака да избере нов менаџер до крајот на април. Според „Дејли мејл“, англискиот клуб се надева дека до крајот на следниот месец ќе може да го објави името на новиот менаџер.
Според планот на Манчестер Јунајтед, ваквото предвремено назначување ќе му овозможи на новиот менаџер да учествува во подготовките за преодниот рок. Неизвесноста, според клубот, негативно ќе се одрази на трансферите, преговорите за договори и резултатите во сезоната 2022/23.
Како што постојано беше објавено, главни претенденти за функцијата нов тренер на Манчестер Јунајтед се Маурисио Покетино (ПСЖ) и Ерик тен Хаг (Ајакс).
Покрај нив, Манчестер Јунајтед ја следи ситуацијата со Томас Тухел во Челзи, но и онаа на Анчелоти во Реал.