Доаѓањето на Оле Гунар Солскјер на клупата на фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, го препороди тимот кој во серија на шест мечеви во сите конкуренции забележа исто толку победи.
Напаѓачката филозофија и поставеност на теренот под диригентската палка на Норвежанецот, дефинитивно ги донесе посакуваните резултати и успеси. Во целата слика влегува и новото лице на Пол Погба, кој полека но, сигурно ја презема улогата на лидер. Французинот кој неколку пати беше во конфликт со Мурињо и најави дека сака да си замине од тимот, сега е главниот креатор на играта.
Според медиумите во Англија, Солскајер откако седна на клупата на „Олд Трафорд“, имал разговро во четири очи со Погба и услеал да го убеди дека тој е најдобриот играч во лигата и дека ќе добие целосна слобода на теренот.