Гораз Србљак ја продолжи низата победи од квалификациите и на главниот турнир во Нови Сад. Во првата рунда тој славеше со 6-3 и 6-0 против Србинот Никола Јовиќ за само 76 минути.
Во второто коло ќе има многу потешка задача, против Французинот Флоран Бакс, кој го држи 602. место на АТП-листата. Турнирот во Нови Сад е со награден фонд од 15.000 долари. На истата локација денеска голема победа оствари и Магдалена Стоилковска, совладувајќи ја втората носителка на турнир во Савитаипале, Финска.
Нашата Лина Ѓорчевска и Русинката Аљона Фомина-Клоц успеаја да влезат во 1 / 4 финалето во двојки на тенискиот тунир во Хешинген, Германија (вреден 60.000 долари). Тие денеска ги совладаа Дражиќ од Хрватска и Вагнер од БиХ со 6-3, 6-3.