Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги, доби добри вести од лекарскиот тим на Лацио.
Напаѓачот Чиро Имобиле се очекува да биде подготвен да игра за решавачкиот натпревар против Интер во последното коло во Серија А.
На овој натпревар треба да се покаже кој од овие два тима ќе го освои четвртото место и со тоа ќе го обезбеди учество во Лигата на шампионите следната година.
Овој играч е надвор од игра од 29 април, кога заработи повреда на бутниот мускул на натпреварот во Торино. Првичните прогнози беа дека тој нема да игра повеќе до крајот на сезоната, но сега се чини дека проблемот не е толку сериозен и шансите да излезе на мегдан против „нероазурите” се доста големи.
Лацио моментално ја држи четвртата позиција на табелата со 3 поени пред Интер, па дури и нерешено ќе биде доволно за Лацио. Поразот ќе значи дека Интер ќе биде четврти бидејќи тимот од Милано има подобар скор во меѓусебните дуели.