Откако Турција беше погодена од разоренн земјотрес, кој имаше фатални последици, и еден од познатите фудбалери, Ганецот Кристијан Атсу остана заробен под урнатините. По многу перипетии и деманти, утрово стигна и официјално соопштение во кое е потврдено дека Атсу е успешно извлечен од под урнатините.
„Кристијан Атсу е извлечен од урнатините. Тој е повреден. Нашиот спортски директор Танер Савут за жал се уште е под урнатините. Хатајспор е длабоко погоден. Сега се приближуваме кон крајот на најопасните часови“, изјавил Мустафа Озат, портпарол на клубот.
31-годишниот Кристијан Атсу има минато во клубови со настапи за екипи како Порто, Челзи, Евертон, Њукасл, Бурнмаут и Њукасл.