Време е за добра вест за тркачите. Сојуз на Спортови на Скопје и Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје ќе организираат нова иновативна атлетска трка на 10 км, HalkEco Хронометар, на 13 јуни.
Оваа трка ќе биде поразлична од сите други досега заради тоа што има посебни правила и протоколи според препораките од Владата и Комисијата за заразни болести, кои што ќе треба да бидат почитувани од сите учесници.
Трката е наречена по хронометар, точно мерење на времето на одредена должина на зададена патека, но со посебен старт на секој натпреварувач, како во велосипедизмот. Новитет е тоа што натпреварувачот при пријавувањето, сам го бира времето за старт од 06:30:00 часот до 09:30:00 часот, при што временскиот интервал на старт помеѓу секој натпреварувач е 30 секунди, со цел да се даде доволно растојание помеѓу тркачите.