Тренерот на Милан, Стефано Пиоли доби добра вест. Заразени со коронавирус, Џанлуиџи Донарума и Јенс Питер Хауге, биле асимптоматски и биле тестирани повторно, а нивите тестови покажале дека се негативни на КОВИД-19. Здравствените власти се веќе известени и двајцата играчи можат да продолжат со вообичаените активности со своите соиграчи.
Матео Габиа исто така имаше негативен тест. Тој ќе биде прегледан од лекарите на „росонерите“, кои ќе ја проценат неговата состојба пред да дадат „зелено светло“ за да се врати во тренажниот процес.
Милан утре гостува кај Удинезе на „Фриули“ во 12.30 часот, а во ова шесто коло влегуваат како лидери на табелата со 13 освоени бодови од 5 одиграни натпревари.

