Тимот на Јувентус го одржа својот утрински тренинг во својата база , а на овој тренинг се вклучи и Леонардо Бонучи.
Искусниот дефанзивец заработи повреда на средбата со Лацио од Серија „А”, но денес учествуваше во тренингот предводен од Масимилиано Алегри.
Друг важен играч во одбраната на тимот е Андреа Барѕаљи, тој беше дел од овој тренинг , но само на почетокот.
Џорџо Киелени и Кристијано Роналдо поединечно се подготвуваа заедно со Даглас Коста. За него медицинските прегледи покажале дека е на чекор од враќање во игра, што е уште една добра вест за Јувентус пред најважнитенатпревари оваа сезона во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.