Манчестер Сити доби добри вести за состојбата на Ерлинг Халанд. Напаѓачот вчера беше заменет на полувремето во победата од 3:1 над Астон Вила поради проблем со бутот. Промената предизвика загриженост поради тоа дали Норвежанецот ќе биде во можност да биде подотвен за натпреварот кој се игра во среда против Арсенал.
Денеска Халанд учествуваше на тренингот на „граѓаните“ и се чини дека неговата состојба е доволно добра и по секоја веројатност ќе биде во составот на тимот за пресметката со „топчиите“.
Со победа над Арсенал, тимот на Пеп Гвардиола ќе биде на врвот на табелата и покрај тоа што има одиграно натпревар повеќе. Илкај Гундоган зборуваше за мечот со лондончани. „Ова веројатно ќе биде еден од нашите најтешки натпревари во последните години, но ние сме подготвени. Ќе патуваме во Лондон со идеја да победиме на натпреварот. Играме против најдобриот тим во Англија досега, но тие се тим кој многу добро го познаваме“, изјави Гундоган.