Италијанскиот тим Милан ќе може да смета на Пепе Реина и Сусо за натпреварот кој се игра утре во рамките на ½ финалето од Купот на Италија против Лацио.
Шпанскиот голман се враќа во составот на „Росонерите“ по пауза од еден месец по санирањето на повредата, додека Сусо паузираше поради акумулирани жолти картони.
Што се однесува до Матија Калдара, Џакомо Бонавентура и Кристијан Запата тие остануваат и понатаму надвор од комбинација и одделно се подготвуваат за враќање на теренот.