Играчот од средниот ред на Лестер Сити и репрезентацијата на Англија, Џејмс Медисон, бил виден во казиното откако го напушти тимот на Англија поради болест, пренесува весникот „The Sun“.
Одлуката да не патува Медисон на гостувањето во 7. коло од квалификациската фаза на Европското првенство 2020 против Чешка ја донесе Фудбалската асоцијација на Англија. Оваа средба можеше да биде деби за фудбалерот на Лестер за националниот тим, но тој не отпатува за Чешка.
Според истиот извор, Џејмс Медисон бил виден во казино како игра покер во истиот момент кога настапуваше неговата репрезентација. Играчот од средниот ред не го ни следел натпреварот, кој заврши со пораз на Англија со резултат 1:2. Се очекува Медисон да се врати на тренинг следната недела. Играчот ќе продолжи со тренинзите во базата не неговиот клуб.