Спортското радио 90,3 ФМ како организатор на „Турнирот во мал фудбал на медиуми“ синоќа на посебна свеченост ги додели наградите за најуспешните на овогодинешното издание на овој турнир.
Во присуство на многу гости, меѓу кои градоначанлникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалниците на општините Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, директорот на Агенцијата за млади и спорт и многу други гости беа доделени наградите за освоеното прво место на екипата на Спортско радио 90,3 ФМ, а беа прогласени и најдобриот фудбалер Дејан Крајчевски од МРТВ, најдобриот голман Мики Црнокрак од екипата на Спортско радио 90,3.
Исто така беа доделени уште многу интересни награди за потези кои го одбележаа овој турнир. Традицијата продолжува, вработените од медиумите и понатаму продолжуваат да играат фудбал и да се дружат.

