Поранешниот дефанзивец на Тотенхем, Мет Доерти, изјави дека клубот треба да се обиде да го задржи италијанскиот менаџер Антонио Конте што е можно подолго и покрај шпекулациите дека двете страни ќе се разделат многу брзо.
„Тој е неверојатен тренер, неверојатен менаџер“, изјави Доерти пред европските квалификации на Ирска против Летонија и Франција.
„Тој нема да каже ништо пред новинарите што нема да им го каже на своите играчи. Тој е апсолутно искрен, има страст кон клубот. Се надевам дека Тотенхем ќе го задржи што е можно подолго. Тој е еден од најдобрите менаџери на сите времиња“, смета Доерти.