Договорите кои ги имаат екипите од Премиер лигата со компаниите за спортска опрема за оваа сезона изнесуваат 390 милиони фунти и се очекува да надминат 400 милиони фунти следната сезона:
Најголемите зделки се на производителот Адидас, 75 милиони фунти со Манчестер Јунајтед и 65 милиони фунти во Арсенал. Најмалите се 750.000 фунти кај Шефилд Јунајтед и Вотфорд.
Петгодишниот договор на Ливерпул со Њу Биланс е предвиден да истече на крајот на сезоната 2019/20. Освојувачот на Лигата на шампионите, наводно, се во преговори со Најк за новиот долгорочен договор за спортска опрема со кој би можеле да го достигнат договорот на Манчестер Јунајтед со „Адидас“.