Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Доколку Ерлинг Халанд продолжи вака ќе ги сруши сите рекорди во Премиер лигата
    Фудбал

    Доколку Ерлинг Халанд продолжи вака ќе ги сруши сите рекорди во Премиер лигата

    risteBy riste07/09/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ерлинг Халанд ќе ја заврши сезоната во Премиер лигата на Англија со постигнати 70 гола доколку продолжи да постигнува голови со ова темпо и ако игра на сите натпревари, пишува „Скај Спортс“ во анализа на учинокот на норвешкиот напаѓач со тимот на Манчестер Сити.

    Халанд, кој синоќа постигна два гола против Севиља во Лигата на шампионите, има десет голови во Премиер лигата и пропушти 55 минути во сите натпреварувања. Тој забележа два последователни хет-трика против Кристал Палас и Нотингем Форест.

    Норвежанецот има просек од 1,86 гола по натпревар и е водечки стрелец во најдобрите пет европски лиги меѓу играчите кои биле на теренот повеќе од 108 минути. Конкуренција му се само Александар Митровиќ, Иван Тони, Хари Кејн и Вилфрид Заха, но Халанд е двојно подобар од сите други. Тој има четири гола повеќе од предвиденото за него во лигата и има постигнато десет пати со само 15 прецизни удари – еден гол на 1,5 шут.

    Интересно е тоа што Халанд постигна речиси 100 проценти од неговите удари по левата страна од голот – пет удари од шест обиди. Половина од головите ги постигнува во средината на голот и во десниот агол. Доколку ја задржи моменталната форма и игра на секој натпревар, Халанд ќе постигне 70 гола оваа сезона. Тој би го срушил рекордот на Мохамед Салах од 32 гола во 38 натпревари за Ливерпул.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Патот кон ЕП го започнавме со победа

    23/03/2023

    Семин: Кварацелија игра неверојатно добро

    23/03/2023

    Гетце: треба да се вратиме на победите

    23/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Патот кон ЕП го започнавме со победа
    • Семин: Кварацелија игра неверојатно добро
    • Гетце: треба да се вратиме на победите
    • Будка: фановите ги почитуваат руските фудбалери
    • Тотенхем гледа во Компани замена за Конте
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.