ПСЖ донел неофицијална одлука да го пренесе бројот 7 на напаѓачот Жоао Феликс доколку овој му се приклучи на тимот, соопштуваат француските медиуми. Со дресот број 7 изминативе сезони во ПСЖ играше Килијан Мбапе.
ПСЖ е заинтересиран за потписот на Феликс од Атлетико. Во текот на преговорите за трансферот на португалскиот напаѓач се разговарало за прашањето кој број на дресот ќе добие. Феликс го сакал бројот 7. Португалецот веќе го користеше порано кога играше за Атлетико Мадрид.
Во моментов тој се уште ја минува претсезоната со шпанскиот клуб. Од друга страна, Мбапе летово можеби ќе се пресели во Реал Мадрид и не сака да го продолжи договорот со парижаните. Актуелниот договор на Французинот со ПСЖ е до крајот на сезоната 2023/2024.