Македонскиот фудбалски шампион Шкупи кој ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите денес го доби можниот противник во второто коло од квалификациите.
Македонскиот првак во првото коло ќе се сретне со Линколн Ред Импс од Гибралтар, кој беше еден од посакуваните противници на почетокот од циклусот, но доколку го помине овој противник, ќе следува пресметка со Динамо Загреб. Екипа во која успешна кариера имаше сегашниот предвоник на Шкупи, Гоце Седлоски, а во моментов настапуваат двајца македонски репрезентативци. Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе имаат можност да гостуваат кај Шкупи, ако нашиот претставник успешно си ја заврши работата во првиот двомеч со Линколн Ред Импс.
Првиот натпревар од ова претколо ќе се одира на 5/6 јули, а реваншот е закажан за 12/13 јули. На првата средба чаирчани ќе бидат домаќини во Скопје.

